РМЗО – ставена во употреба при вежбата “Хуманитарен одговор 2023” 18.10.2023

Во среда (18.10.2023) со почеток од 11 часот во Скопје во градски парк, се одржа меѓународна вежба Хуманитарен одговор 2023.
Во вежбата беа вклучени повеќе институции од македонија и странство. Дел од нашите институции користеа радио аматерски врски повикувајќи се на РМЗО.
Во прилог е официјалното соопштение од страна на Црвениот Крст на Македонија:
 
Хуманитарен одговор 2023 Црвениот крст на Република Северна Македонија  на 18 октомври 2023 година, во Скопје организира симулациска вежба во итна ситуација–земјотрес. Целта на вежбата “Хуманитарниот одговор 2023” е да ви ги претставиме капацитетите на Црвениот крст, можностите и подготвеноста во координираниот пристап за одговор при кризни состојби! 
Црвениот крст дејствува во повеќе сегменти благодарение на координацијата помеѓу сите тимови и чинители. 
Дополнително цели на вежбата се запознавање со: 
Националниот тим за прва помош на Црвениот крст на РСМ; 
Системот за испорака на психо-социјална поддршка на ЦКРСМ
Системот за координацијата на невладините организации и граѓанското општество во случај на катастрофи/кризна состојба 
Системот за подобрување на координација и комуникација на сите чинители за кризен менаџмент во државата.
За потребите на вежбата дел од институциите ќе ја користат Радио Аматерската Мрежа за Опасност-РМЗО која е обезбедена од Радио Аматерската Асоцијација на Северна Македонија – РАСМ 
Солидарноста, сплотеноста и волонтерството се наши главни двигатели! Црвениот крст делува со сите, за сите!